Белата куќа го поздрави гласањето во Сенатот во кое претседателот Доналд Трамп е ослободен од обвинувањата за злоупотреба на функцијата  и опструкција на Конгресот, и целиот процес на отповикување го нарече „лов на вештерки темелен на серија лаги“.

– Лажниот обид за импичмент, што го смислија демократите, денеска е завршен со целосна сатисфакција и ослободување на претседателот Доналд Трамп. Како што зборувавме цело време, тој не е виновен, се наведува во соопштението на прес секретарот на Белата куќа, јавија британските медиуми.

Американскиоот Сенат ноќеска го ослободи Трамп од одбинувањата за злоупотреба на функцијата и опструкција на Конгресот. Со тоа заврши судењето во процесот за отповикување на претседателот Трамп.