Сириската противвоздушна одбрана отворила оган врз ракетите што биле истрелани од територијата на Израел, соопшти сириската државна телевизија, додавајќи дека една од ракетите била соборена во предградие на Дамаск.
Сириската телевизија не изнесе детали за нападот, но жителите на Дамаск навеле дека доцна синоќа слушнале експлозии во близина на сириската престолнина.
Израел се уште се нема изјаснето за инцидентот.
Опозицискиот Сириски Центар за мониторинг на човековите права со седиште во Велика Британија, соопшти дека цел на ракетниот напад биле иранските и сириските воени позиции во близната на Дамаск.
Засега нема информации за евентуални жртви, наведуваат американските медиуми, додавајќи дека во време на ракетниот напад врз Сирија во соседен Либан се слушнале израелските борбени авиони.
Дамаск претходно соопшти дека израелските борбени авиони истрелале ракети врз Сирија од воздушниот простор на Либан.