Шест лица се водат за исчезнати, од кои четворица возрасни  и две деца, откако утринава се превртел чамец полн со мигранти во Дунав, кај селото Куравуково, во Општина Оџаци.

Во чамецот имало од 10 до 15 мигранти, кои се обидувале да преминат од Србија во Хрватска.

Двете деца и четирите возрасни лица се водат за исчезнати, додека останатите мигранти успеале да допливаат до брегот.

Потрагата по исчезнатите е во тек, соопштија српските власти.