Претставници на Рускиот центар за помирување во Сирија вчера доставиле околу пет тони храна за цивилите во земјата, соопшти шефот на Центарот Владимир Савченко.
– Спроведени се две хуманитарни операции. На цивилите во населбата Хшам во провинцијата Деир ез-Зор им се поделени 450 вреќи со храна со вкупна тежина од 1,95 тони, како и 450 пакети со храна исто така тешки 1,95 тони, а еден тон свежо испечен леб е дистрибуиран во населбата Шамир во провинцијата Алепо, рече Савченко.
Освен тоа, хуманитарна помош добиле и семејствата на 15-те убиени сириски војници во Алепо.
Вкупно, рускиот центар спровел 1.940 хуманитарни операции во Сирија и на цивилите им поделил повеќе од 3.000 тони хуманитарни пакети.