Украинските сили ги засилија напорите за ослободување на окупираниот град Бахмут и сега половина од руските сили се опколени, изјави денеска командантот на украинските копнени сили Олександр Сирски.

„Во моментов, распоредувањето на руските сили наликува на лак концентриран во Бахмут. И половина од нив се опколени. Невозможно е да не се искористи тоа, рече Сирски за Би-Би-Си.

Тој додаде дека преземањето на градот ќе има симболична и стратешка вредност.