Само уште една пречка ги дели дванаесетте екипи кои успеаја да стигнат до четвртата квалификациска рунда од фудбалската Лига на шампионите.

Македонскиот првак Шкендија синоќа беше запрен од Салцбург кој во следната рунда ќе игра со белградските „црвено-бели“.

Двојки за плеј-офот во ЛШ:

Црвена ѕвезда (Србија) – Салцбург (Австрија),
БАТЕ Борисов (Белорусија) – ПСВ (Холандија),
Јанг Бојс (Швајцарија) – Динамо Загреб (Хрватска)
Видеотон (Унгарија) – АЕК (Грција),
Бенфика (Португалија) – ПАОК (Грција),
Ајакс (Холандија) – Динамо Киев (Украина).

Првите натпревари ќе се играат на 21/22 август, реваншите на 28/29 август.