Поранешните министери за финансии од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Ставревски, Кирил Миновски, и Трајко Славевски кој сега е и актуелен претседател на Советот на Град Скопје, ќе го советуваат министерот за финансии Фатмир Бесими. Во новото советодавно тело на министерството влегуваат и останати екс министри за финансии меѓу кои Џевдет Хајредини, Таки Фити и Никола Поповски.
Овој Совет ќе биде активен во текот на целата година за прашања и теми важни за економскиот развој на земјата, информираат од ресорното министерство. На денешната прва средба според информациите се разговарало за економските перспективи на Македонија, за предизвиците кои произлегуваат од пандемијата, енергетската криза, притисокот на цените на светската берза, но и за потребата за раст на економијата.