Софиска фирма на двајца Македонци Блаже Игнатовски и Горан Ангелов се најде под истрага на бугарските власти поради увоз на сомнителен отпад од Италија, објави ТВ Сител.
Се работи за компанијата Блацион регистрирана во Буграија, во која содружници се и двајца италијански државјани. Испраќачот е фирмата „Дентиче Пантелоне” од италијанскиот град Авелино.
Отпадот во 25 контејнери пристигнал во пристаништето Варна на 9 октомври. Според законот фирмата увозник во рок од 90 дена требала да ја насочи пратката за царинење и достава или за реекспорт, но кога тоа не се случило реагирала Царината. При прегледот на контејнерите утврдено е дека содржината на отпадот не е соодветна со докумнтите од декларациите.
Управителот Блаже Игнатовски за Сител вели дека во пратките нема ништо сомнително. Очекува тоа да се потврди и со истрагата на бугарските власти и анализата од експертите.
Содружник но не и управител во оваа фирма е Горан Ангелов , директор на депонијата Дрисла.
Во истрагата се вклучени обвинителството, царината и екоинспекцијата во Варна. Според бугарските медиуми засега нема приведени лица, но се бара соработка од македонските и италијански за разрешување на случајот.
Бугарското обвинителство поведе истрага под сомневање за незаконско управување со отпадот.
Во мегувреме истрага се води и против бугарскиот министер за животна средина, Нено Димов. Тој беше во притвор поради увоз на отпад и рестрикција на вода во градот Перник. Европските медиуми пренесуваат дека во тек е и операција италијанската полиција против сицилијанската мафија која наведуваат дека прави милионски бизнис со сторнирање на токсичниот отпад во Бугарија.