Убавата актерка Хали Бери го сврте внимание со отворен фустан без градник, а неколку фотографии од манифестацијата „Златен глобус“ ги сподели на Инстаграм.
Хали Бери се појави во предизвикувачки фустан, а многумина коментираа дека изгледа подобро од кога било.
Познато е дека 52-годишната актерка многу се грижи за нејзиниот изглед и редовно вежба и дава совети за здрав живот на социјалните мрежи, па затоа не е за изненадување што блесна на доделувањето на наградите „Златен глобус“.
Покрај Хали, ноќта блеснаа и ѕвездите Шарлиз Терон (43), Хајди Клум (45), Џулија Робертс (51), Кетрин Зета-Џонс (49) …