Во Македонија денеска ќе преовладува сончево и студено време со мала до умерена облачност.

Утрото ќе биде ведро и студено со многу ниски температури, кои во целата земја ќе се спуштат под -10 степени, а во Пелагонија и Малешевијата и до -18 степени. Дневните температури речиси насекаде ќе бидат под нула.

Под влијание на влажен и студен бран, во среда и во четврток претпладне ќе има нови пообилни врнежи од снег, особено во западните делови. Потоа следува период на стабилно и суво време повторно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во благо покачување.