Сите гледаат во парите што ги земавме, а забораваат дека главата си ја ставивме во торба, забораваат каков профил на луѓе гоневме, се жалат обвинителите од СЈО, каде денеска влегоа истражители да го проверат трошењето на народните пари.

Од торбите во кои обвинителите си ги ставиле главите јавноста ја виде само онаа Луј Витон со милион и пол евра.

Разгалените од СЈО кои си ги ставиле главите во торба само за грицкање, секој ден трошеле по 9 кг индиски ореви, лешници или бадеми или во противредност 36 кг кикирики против главоболка.

Обвинители кои до неодамна беа дел од тимот на СЈО, се воздржуваат од официјални коментар по денешното влегување на истражители на ОЈО да ја испитаат оправданоста на високите исплати на бонуси во СЈО на чие чело предничи екс-шефицата Катица Јанева, пишува Фокус.

– Не сакаме да даваме изјави бидејќи ќе излезе дека се правдаме, а навистина нема потреба. Сега на потег се колегите од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, тие нека кажат дали биле правени злоупотреби, велат за Фокус анонимни од СЈО.

Анонимниот соговорник вели дека „од првиот ден во Министерството за финансии знаеле колку средства се одлевале за додатоци, бонуси и друго“.

– За разлика од останатите обвинители платата ни беше за 300 евра повисока, а работевме три инстанци, основно, вишо и републичко. Секој обвинител, освен Јанева земал по 22.000 евра годишно, но сите како да забораваат дека и главата ја стававме во торба, забораваат каков профил на луѓе гоневме, велат анонимните соговорници за Фокус.

Анализата на дел од трошоците направени од СЈО за набавка на апетисани покажува дека специјалните обвинители и другиот персонал во СЈО биле на протеински терапија со користење на храна богата со белковини.

Според податоците, за само 26 месеци во период од 2017 до 2019 година СЈО набавил апетисани во вредност од околу 50.000 евра.

Ако оваа сума се подели на 26 месеци се добива сумата од 1.923 евра месечно, а ако таа се подели на 22 работни денови колку што просечно има секој месец доаѓаме до сумата од 87 евра дневно или околу 5.300 денари.

Со овие пари ако се набавува на големо може да се купат најмалку 9 килограми од поскапите апетисани како индиски ореви, лешник или бадеми.

Ако во СЈО биле поскромни и јаделе кикирики тогаш дневно во обвинителството се јаделе по 36 килограми од овој јаткаст плод кој е 4 пати поевтин од лешникот.

Во просек секој од стотина вработени во СЈО секојдневно јадел по речиси 100 грама поскапи апетисани или по речиси 400 грама кикирики.