Нова фотографија од одморот на Катица Јанева во Грција денеска објави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

– Откако излезе снимката за „Рекет”, почитуваната Катица Јанева која е на ‘ваканција’ во Калитеа ја фати глава и си плати масажа која според неименуваниот извор чинела 10 евра. Тек почеток е Катице, многу повеќе ќе те боли глава, порача Арсовски.

Инаку, станува збор за тајвански масери, брачен пар кој повеќе сезони масираат на брегот од Егејското Море, поточно долж големата плажа во Калитеа.