Притворот за обвинетите во предметот „Титаник“ Миле Јанакиески и Кирил Божиновски е побаран затоа што во текот на вчерашниот ден Специјалното јавно обвинителство (СЈО) добило информации дека тие се подготвуваат да избегаат на ист начин како и поранешиот премиер Никола Груевски, појасни пред судот обвинителката на СЈО Лиле Стефанова на почетокот на денешното рочиште за „Титаник“.
– Во текот на вчерашниот ден добивме информации дека не само што Груевски се дал во бегство, туку дека на ист начин се подготвуваат да избегаат и Јанакиески и Божиновски, наведе Стефанова.
Таа побара од судот на Груевски, кој е исто така е еден од обвинетите во овој предмет, да му се суди во отсуство
На поранешниот министер за транспорт и врски Јанакиески и на поранешниот генерален секретар на Владата Божиновски, им е определен притвор од 30 дена. Тие ноќеска беа спроведени во Истражниот затвор „Скопје“ во Шутка.
Јанакиески и Божиновски се обвинети во неколку предмети на СЈО за кои се водат судски постапки.
Нивното приведување следува по бегството на поранешниот премиер Никола Груевски во Унгарија каде што побара политички азил. Груевски во петокот требаше да се јави на издржување на двегодишната затворска казан за случајот „Тенк“. По него е распишана меѓунардона потерница.