Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со амбасадорот на Македонија во Букурешт, алудурајќи на сериозни процедурални и администравнин процедури, истакна дека Андреј Жерновски не можел да биде отповикан, бидејќи тој официјално никогаш и не станал амбасадор.
Одговорот на новинарското прашање, Муцунски го даде на денешниот прес со министерот за надворешни работи на Малта, Иан Борг.
Неофицијално, според извори во МНР, и покрај тоа што Жерновски не ја испочутувал националната постапка за предавање акредитиви во Романија и официјално не бил назначен за амбасадор, тој подолг период престојувал во Букурешт и извршувал амбасадароска должност, што е спротивно на дипломатските протоколи.
Се работи за немање потпис на акредитивите од новоизбраниот македонски претседател Гордана Сиљановска, што според романскиот протокол е неопходно кога доаѓа до промена на претседателот на државата од каде што доаѓа амбасадорот. И покрај укажувањата од претставниците на Романија, ова барање не било испочитувано од страна на Жерновски.