Тајната се чува зад утврдени ѕидови во градови низ САД, внатре во високи згради, без прозорци и бетонски тврдини кои се изградени да издржат земјотрес па дури и нуклеарен напад.
Илјадници луѓе секојдневно поминуваат покрај нив, ретко кој двапати ќе погледне во нив, зашто никој не знае која е нивната намена. Но, таму се наоѓа интегралниот дел од најголемата светска телекомуникациска мрежа – а тие се исто така поврзани со Националната агенција за безбедност (НСА) во програмата за шпионирање.
Каде се наоѓаат тие шпионски центри? Одговор дава Интерсепт во својата обемна анализа, базирана и на информации од Едвард Сноуден: Атланта, Чикаго, Далас, Лос Анџелес, Њујорк, Сан Франциско, Сиетл и во Вашингтон. Во секој од овие градови Интерсепт окрива канцеларии на АТ&Т во кои има опрема за цели комуникациски системи низ кои се одвива поголемиот дел од интернет сообраќајот во Америка.
Со анализа на класифирцирани документи како и со разговори со вработени во АТ&Т постојат индиции дека во тие згради се одвиваат централните шпионски активности на НСА и низ кои се мониторираат милијарди имејли, телефонски повици и разговори на интернет кои поминуваат низ американска територија.
За НСА, АТ&Т е најдоверливиот партнер а ја поздравува „екстремната желба да помогне“. Ваквата позиција АТ&Т ја има стекнато не само затоа што сакала да соработува, туку и заради нејзината позиција – има уникатни релации со други телефонски и интернет провајдери.
Лани токму Интерсепт објави за објектот во Њујорк кој е поврзан со НСА, а сега со обелоденувањето на новите постројки се добива шокантното сознание за ширината на шпионските активности во Америка.
„Ова што се кажува, за ширината на тоа што се случува на американска почва, треба да ни ги отвори очите“, вели Елизабет Готејн, ко-директор на Националната програма за слобода и безбедност. „Се фрла светлина на нешто што никогаш не би помислиле дека го има и тоа во нашите градови, во нашите дворови“, истакнува таа.
Интерсепт во својата истражувачка сторија наведува дека АТ&Т има стотици постројки низ државата, но тие осум посочени имаат специфична функција да ги анализираат податоците од своите корисници, како и од другите провајдери, а станува збор за огромен квантум податоци. Во таа мрежа влегуваат комуникациите на Спринт, Левел3, шведска Телиа, индиската Тата, италијанската Телеком Италија, Дојче телеком.
Кога сето ова ќе се земе предвид АТ&Т има пристап до 149 држави со кои се врши интернет сообраќајот, односно 19.500 точки на присуство во светот.
Поранешен вработен во компанијата истакнува дека станува збора за глобална мрежа способна да следи се во минута, ден, месеци или година.
НСА ниту го потврди ниту го демантира пишувањето на Интерсепт.
Тајната е под океаните
Околу 99 проценти од светскиот интерконтинентален интернет сообраќај се одвива преку оптички кабли скриени на дното на светските океани. Голем дел од податоците кои одат низ тие кабли се поврзани со САД, делумно и заради географијата, а делумно и заради претприемчивоста на американските интернет компнаии кои даваат услуги глобално. НСА ова го нарекува „предност од домашен терен“.
Во колкава мерка Американците шпионираат покажуваат бројките; до март 2018 година околу 197 петбита податоци – еквивалентни на 49 трилиони напишан текст, околу 60 милијарди просечен МП3 формат – поминале низ мрежата секој работен ден. Само во еден ден!
А документите на Сноуден покажуваат дека АТ&Т била агресивно вклучена во програмата за шпионирање на комуникациите.