САМО СДСМ ЗНАЕ ОД ВОЗ ДА НАПРАВИ ТЕМПИРАНА БОМБА.
ПАТНИЦИТЕ МРЗНАТ, МАКЕДОНСКИТЕ ВОЗОВИ СЕ ГРЕАТ СО ПЛИНСКИ БОЦИ
Несериозниот однос на владата на СДСМ кон железницата го потврдуваат и овие фотографии, на кои се гледа како македонските возови се загреваат во 21-от век. Возовите кои сообраќаат на релација Скопје-Кичево-Скопје и Скопје-Кочани-Скопје често се со стари вагони во кои нема греење. Поради тоа, кондуктери често одбиваат да работат во нив, а линиите се откажуваат или доцнат се додека не се смилува некој кондуктер да го управува возот.
Спротивно на сите безбедносно-железнички прописи во вагоните се поставуваат ПЛИНСКИ БОЦИ за затоплување кои не се соодветни за таа намена. Сеуште се свежи сеќавањата од железничката несреќа во Пакистан, кога патник правел појадок на плинска боца и истата експлодирала и предизвикала пожар во кој загинаа над 70 луѓе.
Кој ќе ја поднесе одговорноста доколку експлодира некоја од плинските боци со кои се загреваат македонските возови ?
Дали раководството на Македонски Железници Транспорт е свесно за последиците од една таква несреќа?
Ова ли се инвестициите во железниците кои СДСМ бомбастично ги најавуваше во својата предизборна програма?
Ова е само доказ за поразителните политики на СДСМ.
#ОбноваНаМакедонија мора да дојде што поскоро.
Комисија за инфраструктура на ВМРО-ДПМНЕ