Медицинскиот тим во болницата во Салсбури ги третирале таткото и ќерката Скрипал од предозираност со опијат без каква било дополнителна мерка на претпазливост, се додека британските хемиски експерти „потврдиле“ труење со нервен агент (подоцна е кажано дека станува збор за „новичок“) и „препорачале“ соодветен третман, се обелоденува во документарен филм на Би-би-си.
Персоналот во Салсбури вели дека поранешниот руски агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, кои биле пронајдени во бесознание на една клупа во Салсбури на 4 март, најпрвин биле третирани заради предозираност, се обелоденува во документарецот.
„Таа вечер Јулија и Сергеј беа примени и ние сметавме дека се предозирале, така што немаше спомнување на труење со нервен агенс“, изјави за Би-би-си Сара Кларак, главна медицинска сестра во смената изјави кога биле примени Скрипал.
Таа додаде дека на пациентите им требала помош во дишењето како и помош за кардиоваскуларниот систем.
Некои првични медицинскии наоди наведувале дека станува збор за предозираност со силниот лек фентанил. Овој силен синтетички опијат е многу популарен во Америка и во Велика Британија каде се забележани десетици случаи на смртност зарди предозираност.
Она што е особено интересно и што фрла ново светло на случајот со наводниот обид за убиство со употреба на нервен агенс, за што веднаш беше обвинета Русија, е што медицинскиот персонал во болницата на почетокот не презела никакви мерки за безбедност, нешто што би било несфатливо доколку навистина се работело за труење со смртонесен нервен агенс каков што е „новичок“, кој лаболаториски се производува и во некои земји-членки на НАТО.
Некои лекари, пак, рекле дека биле изненадени од тоа колку брзо се опоравувале Сергеј и Јулија, зашто доколку навистина бил користен „новичок“ во тој случај или двајцата веќе би биле мртви, или би имале многу сериозни последици по здравјето.