Канцеларијата на Асошиетед прес во Солун, денеска извести дека полицијата во северна Грција соопштила дека непознати лица отстарниле повеќе од 100 маркери на границата меѓу Грција и Македонија.
Од полицијата во Лерин изјавиле дека станува збор за 105 конкретни маркери, некои од нив во вид на пирамида високи околу еден метар, други помали во форма на цилиндер. Тие биле отстранети меѓу четвртокот и петокот во дел од границата кој е во должина од 13 км. Инцидентот е под истрага, пренесува АП.
Агецијата не пропушта, во рамки на истата вест, да каже дека меѓу двете земји беше постигнат договор за името, па на тој начин изразува можност дека ова можеби има некавка врска со тоа.
Засега, нема никакви реакции од македонска страна за настанот, иако поминаа три дена. Нејасни се мотивите за вакво нешто, но отстранување на 105 обележја од граничната линија сигурно не е ниту шега, ниту обичен криминал. Како тоа било сторено, а без да биде забележано од двете страни, исто така останува непознато.