Претседателот на Србија Александар Вучиќ, по повод распоредот на седење на лидерите на земјите во Париз, нагласи дека протоколот за овој настан сигурно не е израз на односите на силите.
Тој додаде дека негово е да постапува достоинствено, држи до својата земја, гордоста на српскиот народ и да ја претставува Србија на најдобар можен начин и да спречи да биде исклучена од светот, иако понекогаш има кнедла во грлото.
На новинарско прашање како го коментира тоа што некои од лидери од регионот беа меѓу петте најмоќни на церемонијата, како на пример косовскиот претседател Хашим Тачи, кој ја имал најдобрата позиција од сите во регионот.
Српскиот претседател оцени дека тоа „не е близу до изразување на односите на силите” и објасни:
„Францускиот претседател Емануел Макрон ќе дојде во Белград, а се сомневам дека ќе оди во Приштина. Претседателот на Русија ќе дојде во Белград, а тешко дека некогаш ќе оди во Приштина. Ангела Меркел повторно ќе се дојде во Белград и не сум сигурен дека во исто време ќе оди во Приштина. Погледнете ги нивоата на инвестиции и сè друго “, објасни тој.
„На што ли мислеше некој кога Тачи го стави зад Путин, со кого се ракуваше. Зад грб на Путин му дојде Тачи и му пружи рака, а кога шефот на руската држава сфати кој е тој човек се сврте кон другите “, објасни Вучиќ.
“Или ќе бидете дел од светот или ќе се исклучите, па затоа не можам и нема да ја исклучам Србија поради нивните грешки и нашите слабости во минатото. Морам да се однесувам достоинствено, да се држам до својата земја, гордост на нашиот народ и да го презентирам на најдобар можен начин “, рече тој.