Во главниот град на Полска во тек е голем марш на десницата, по повод прославата на независноста. Според некои проценки, како што пренесуваат медиумите, на протестот во Варшава има помеѓу 100 и 200 илјади луѓе.

Во исто време додека во Париз се обележува 100 години од крајот на Првата светска војна, Полјаците се присетуваат на именувањето на Јозеф Пилсудски за воен заповедник и мандатор на владата.

Пилсудски се смета заслужен за повторното создавање на независната полска држава, 123 години по распарчувањето на Кралството Полска помеѓу соседните земји – Прусија, Русија и Австро-Унгарија.

Иако меѓу насобраните мноштвото се полски патриоти, приврзаници на владејачката конзервативна партија Закон и Правда (ПиС), има и ултрадесничари, а во организацијата на маршот учествува и радикалната десна организација Национален радикален камп (ОНР), која се залага за етнички чиста Полска.

Во поворката на Полјаците им се придружија националисти и десничари и од други земји, како итлијанската Форца Нова, која секоја година учествува на маршот.

Маршот што го организира десницата годинава се обиде да го забрани градоначалничката на Варшава, Хана Гронкиевич – Валц, која истакна дека е доста од национализам. Но, судот ја поништи нејзината забрана, јави Би-Би-Си.

На маршот се запалени стотина бакли кои во Полска се забранети со закон, а освен црвено-бели знамиња се носат и транспаренти на кои има пораки: „Смрт за непријателите на татковината“, „Европа ќе биде бела“ и други.

Протестниот марш го обезбедува полиција и војска, вооружени, покрај другото и со заштитни маски.

DESNIČARI MARŠIRAJU Golemi marš nacionalista u Varšavi: "Smrt neprijateljima domovine"via Ruptly

Gepostet von Index Vijesti am Sonntag, 11. November 2018