Рускиот претседател Владимир Путин во Париз изјави дека разговарал со американскиот колега Доналд Трамп во Париз на работниот ручек во Елисејскиот дворец.

Рускиот претседател рече дека разговорот бил добар.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека двајцата лидери немале можност да водат сеопфатна дијалог, и се поздравиле „на нога“ на ручекот. По работниот ручек, Трамп си заминал од Елисејскиот дворец, а Путин отишол на Парискиот мировен форум, информира Песков. Тој додаде дека двајцата светски лидери се поздравиле „до нови средби“.

Рускиот претседател разговарал и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, соопшти Песков. Тоа беше првата средба меѓу двајцата лидери откако Израел собори руски разузнавачки авион при воздушен напад над Сирија.