Апелациониот суд Скопје ја укина првостепената пресуда против Лидија Димова и предметот го врати на повторно судење пред Основниот кривичен суд Скопје.
Како што информираат од судот, по одржаната јавна седница на 11 март годинава, уважени се жалбите и на одбраната и на обвинителството, по што пресудата е укината поради суштествени повреди на кривичната постапка. Предметот со сите списи е вратен на првостепениот суд на 30 март 2026 година, каде ќе треба повторно да се разгледа.
Според Апелација, во пресудата не било јасно утврдено за кои конкретни дејствија обвинетата е прогласена виновна, а за кои е ослободена, што претставува сериозен пропуст во постапката.
Основниот кривичен суд ја осуди Димова, блиска соработничка на Заев и шоферка на кобето со бои во Шарената револуција, на минимални две години затвор за злоупотреба на службената положба и овластување, како и обврска да надомести штета од 22,7 милиони денари на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.




