Во соопштението на Владата на Оливер Спасовски во кое објаснува дека во ископувањата во Старата скопска чаршија се запазени сите процедури, Владата се повикува и на „Законот за прогласување на Старата скопска чаршија за културно наследство од особено значење“ од 2008 година. Во тој дел од Соопштението, се истакнува:
„Под-проектот предвидува санација на калдрмата на еден дел од главната улица Битпазарска како и конзервација, реставрација и санација на повеќе дуќани кои го нарушуваат автентичниот лик на Стара чаршија која со закон е прогласена како културно наследство од особено значење „Службен Весник на Република Северна Македонија” бр. 130/08“.
Како што можете да видите, Владата посочува на „Службен Весник на Република Северна Македонија” бр. 130/08“. За тие кои не се упатени, бројот 130 го означува бројот на Службениот весник во кој е објавен Законот, а 08 ја означува годината, односно, тоа значи дека станува збор за Службен весник број 130 во 2008 година.
Меѓутоа, во 2008 година Македонија не беше Северна, туку Република Македонија, дури и да не го земеме в предвид фалсификатот и криминалот на кој државата беше преименувана. Впрочем, Службениот весник во кој е објавен споемнатиот закон е Службен весник на Република Македонија, што лесно може да се воочи.. Еве, ова е тој Службен весник во кој е објавен Законот и тоа е официјален документ на оваа држава:
Никогаш досега, ваков фалсификат каков што се среќава во Соопштението на сегашната Влада не е направен. Така на пример, Уставот на Македонија од 1946 година, секогаш бил „Устав на Народна Република Македонја“, тој од 1974 година секогаш бил „Устав на Социјалистичка Република Македонија“, а тој од 1991 година „Устав на Република Македонија“.
Ова всушност е класично ретуширање на историјата, како во времето на Сталин, кога како кој бивш функционер ќе паднел во немилост, бил бришен од претходните фотографии. Токму тоа го прави и оваа Влада: ја ретушира историјата!
Малку подоле во истото Соопштение на Владата се наведува:
„Законот за Прогласување на Стара Скопска чаршија за културно наследство од особено значење („Службен Весник на Република Македонија” бр. 130/08) ги уредува клучните аспекти на заштита на споменичката целина и врши идентификација на односното добро, во поглед на неговиот назив, категорија и режим на заштита, и др.“
Како што можете да видите, овде веќе станува за „Службен весник на Република Македонија“, што е единствено исправно, но сега, по враќањето на ретушираната Република Македонија во Соопштението, веќе е нејасно на кој Закон, Владата се повикува: на тој погоре во Соопштението или на овој од овие цитирани редови. Се чини – хаос!
Соопштението на Владата