Младинската репрезентација на Македонија во Тбилиси го игра мечот од третото коло од Европското првенство – Б дивизија против селекцијата на Косово, дуел на кој организаторите направија огромен превид именувајќи ја нашата држава како Северна Македонија Косово.

За време на натпреварот селекциите се означени со официјалните кратенки, но на полувремето од официјалниот пренос на јутјуб-страницата на ФИБА можеше да се забележи Косово од едната и Северна Македонија Косово од другата страна.