Украинскиот МММ борец Никита Крилов (31), роден во околината на Доњецк, скандираше „Русија, Русија“ по победата над Американецот Рајан Шпан во САД.
Овој инцидент што Крилов го направи во Лас Вегас добива дополнително значење ако се земе предвид дека тој е роден во Украина и дека на почетокот на кариерата се борел под знамето на таа земја.
Всушност, до неодамна, Крилов отворено застана на страната на Русија во војната што трае повеќе од една година и неодамна рече дека ќе биде првиот во редот за да добие пасош кога Луганск ќе стане меѓународно призната држава. На сето тоа следеше инцидент во Киев кога тој дојде на тренинг со руско знаме, поради што останатите членови се побунија и го избркаа од тимот.
Никита од тогаш живее во Москва, а неговото потекло го покажува со прекарот „Минер“, кој е посветен на Доњецк, рударски град на истокот на Украина. Лани имаше интересна изјава за земјата што ја претставува.
– Се обидувам да добијам руски пасош. На тепачките ме претставуваат како борец од Украина затоа што имам украински пасош, но повеќе сакам да излезам без знамето отколку со знамето на таа земја. Тоа е мојата визија за тоа како треба да изгледа оваа земја, рече Крилов.
Тој вака се однесувал бидејќи по неговата победа публиката почнала да скандира „УСА“. Крилов по вторпат е под договор со УФЦ, откако направи кратка пауза во 2017 и 2018 година. Досега во професионалната кариера има 39 борби, од кои 30 победи.
Видеото може да го отворите ТУКА.