Големата надеж на македонскиот тенис, Калин Ивановски, продолжи да се искачува на светската АТП-листа и на најновото рангирање се наоѓа на 478. место.

За 18-годишниот Ивановски ова е најдобар ранкинг во кариерата и скок од 16 места во споредба со минатата недела.

Ивановски со 84 бода е втора недела меѓу 500 најдобри тенисери во светот, откако минатиот понеделник за прв пат во кариерата беше рангиран на 494. место.