Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс го обвини Пол Погба за егоизам и го повика да дава се од себе на теренот.
Тој смета дека Французинот треба да престане да си мисли дека е најдобар играч во светот, туку да го покажува тоа во пракса.
– Има конфузија во средниот ред. Останува ли Погба или си заминува? Низ годините, Јунајтед губеше главни играчи како Кин, Бекам, Роналдо, Ван Нистелрој, но тоа никогаш не е извршило суштинско влијание врз тимот. Знаеме дека Погба има огромен потенцијал, но тој веќе има 26 години и е убаво да ги покажува своите квалитети во секој натпревар, а не само да мисли дека е нешто посебно. Тој треба да излезе од овој измислен свет, во кој мисли дека е најдобар во светот, прокоментира Сколс, цитиран од англиските медиуми.