Капитенот на Барселона, Лионел Меси, ќе го добие орденот „Крст на Свети Ѓорѓи“ (Creu de Sant Jordi), кој се смета за едно од најпрестижните одликувања во Каталонија, според официјалната веб-страница на фудбалскиот клуб.

Од 1981 година, оваа награда се доделува секоја година во Каталонија на поединци, кои преку нивните напори и достигнувања помагаат на шпанската заедница.

Оваа сезона, Меси зеде учество во 45 натпревари за Барселона, во кои постигна 46 гола и 22 асистенции. 31-годишниот Аргентинец веќе ја освои титулата во шпанското првенство.