Ова е реакцијата на еден наш сограѓанин откако му стигнала последната сметка за струја во износ од 36 000 денари. Тоа секако се должи на четвртиот блок каде цената е астрономска – 16 денари за киловат час, а скопјанецот нема базен кој го грее, како што Ковачевски ја правдаше високата цена. Едноставно, го грее станот на струја, зашто друга опција нема.
На неговата објава с енижат коментари, па еден вели дека неговата сметка е 26 000 денари, други се жалат на помали сметки, но и на фактот што греат една соба со едн аклима, а сепак имаат сметка од 12-13 000 денари. Сите овие граѓани не загреваат базени, туку се просечни граѓани на оваа арамаиска држава која им наметна ваков арач.
За да биде иронијата поголема, во тек е акција на Владата за субвенционирање на инвертер клими, кои работат на струја.