Како што денеска информираше ЈО, обвинетите од озлогласената група „Беланоца“ убиле и човек и зашто ги предал обвинетите за масакрот на петтемина мажи кај Смиљковско Езеро во Скопје во април 2012. Ова беше неколку пати повторено на денешниот брифинг во ОЈОГОКК, со оглед на тоа што случајот „Монструм“ е еден од национално најчувствителните предмети досега. Петте жртви беа свирепо убиени на Велики четврток на брегот на Смиљковското Езеро, без причина.
Обвинети од „Беланоца“ сметале дека тој граѓанин ги предал, всушност, избеганите во Косово Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, прецизираа од Обвинителството, откаде дополнија дека не е утврдено и не може веќе да се утврди дали тоа е вистина.
Во масакрот кај Смилковско Езеро беа убиени четирите момчиња Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски и 45-годишниот Борче Стевковски од Црешево.
За двајца од осудените на доживотни казни затвор Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, сè уште има потерници и барање за екстрадиција од Косово. Тие се осудени за тероризам. На доживотен затвор е осуден и Агим Исмаиловиќ, а за помагање беа осудени Хаки Азири на девет години затвор и Фејзи Азири на 15 години затвор.