Скопјанка вчера била киднапирана во скопската населба Ново Лисиче, во момент кога излегувала од зградата во која работела.
Како што соопшти МВР, 23-годишна девојка вчера околу 15:40 часот била киднапирана од непознато лице на булеварот „Видео Смилевски- Бато“, кога излегла од зградата каде работела.
Потоа со возилото била однесена на стариот пат Катланово-Велес.
Во близина на езерото Младост кај Велес, 23-годишната Ќ.М. успеала да избега, и пеш се упатила кон Велес.
Од МВР соопштуваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и за расчистување на настанот.