Основното јавно обвинителство Скопје донело наредба за спроведување истражна постапка против 50-годишна жена од Студеничани, осомничена дека го лишила од живот својот сопруг.

-Осомничената 50-годишна жителка на Студеничани, при вршење семејно насилство, вчера во дворот на семејната куќа со умисла го лишила од живот својот сопруг. Додека оштетениот се наоѓал во дворот на куќата, осомничената ја зела секирата која била оставена во близина и му задала три удари со сечивото, нанесувајќи му повреди кои предизвикале смртен исход кај оштетеното лице, соопшти Јавното обвинителство.

Ценејќи дека постојат околности кои што укажуваат на опасност осомничената да се даде во бегство или да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и вештаците, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил и Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.