Без вода денеска неколку часа ќе бидат корисниците во делови од општините Центар и Карпош.

Од РЦУК по известување од ЈП Водовод и канализација информираа дека поради изведување водоводен приклучок од ф – 80 мм на ул.„Васил Стефановски“ бр.30 од 9 часот до завршување на активностите без вода ќе останат корисниците од улиците „Васил Стефановски“, „Роза Луксембург“, „Петар Поп Арсов“ и „Костурски херои“, како и дел од корисниците од улиците „9 Мај“ и „Христо Смирненски“ во општината Центар.

Без вода утре во периодот од 08.30 до 13.30 часот ќе останат корисниците од ул. „Скупи“ – крак 1, 3 и 5 во општината Карпош. Прекинот во водоснабдувањето е поради изведување водоводен приклучок од ф – 150 мм на ул.„Скупи“ б.б.