Прекин во водоснабдување од осум часот изутринава ќе имаат корисниците на дел од ул.Франклин Рузвелт бр.15 (општина Карпош).
ЈП Водовод и Канализација извести дека прекинот ќе биде поради изведување на водоводен приклучок на цевка со пречник од ф-80мм на ул.Франклин Рузвелт бр.15,
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со активностите.