Рокот за изградба на првата делница од автопатот Скопје-Блаце во должина од два километра ќе се пролонгира бидејки тешко оди експропријацијата на земјиштето, а на терен излегле и други непредвидени ситуации, кажа директорот на „Државни патишта“, Ејуп Рустеми.
Лани во ноември беше соопштено дека оваа делница вредна 14,2 милиони евра ќе биде готова до средината на оваа година.
„Требаше да се проектира нов потпорен ѕид со должина од 280 метри и да се проектираат косините на оваа делница. Проектите се готови, но поради законските правила за јавни набавки, мораше одново да го отвориме процесот за овие два километра“, кажа директор Ејуп Рустеми