Градоначалникот Петре Шилегов често се фали на социјалните мрежи со своите проекти и достигнувања за разубавување на Скопје. Тој често објавува за своите проекти на Фејсбук, рубрицирани како „Скопје, една поинаква приказна“.

– Кејот има и калдрма. Скопје, една поинаква приказна…- е најновата објава на Шилегов на својот профил за уште еден негов проект.

Прилогот е збогатен со фотографии и кратко видео. На видеото се гледа трактор, а на тракторот приклучна механизација која праши на кејот на Вардар во Скопје.

Проектот „Трактор на Шилегов“, на својот профил го сподели и Јани Макрадули, ексзаменик министер за екологија и партиски другар на Шилегов.

По „пробивањето“ на тунелот под Кале, жичарницата, веловозот, трамвајот на гумени тркала… ова е уште еден од проектите на Шилегов. Со здравје да се служите со новиот трактор, господине Шилегов!

(Д.Г.)