Едно лице е потешко повредено, а шест полесно во три од вкупно девет сообраќајни несреќи што изминатото деноноќие се случиле во Скопје.
Според денешните информации од СВР Скопје 36 возачи се движеле со поголема брзина од дозволената. Од сообраќај се исклучени 21 возачи и тоа 3 кои управувале возило под дејство на алкохол, 17 пред да се стекнат со право на управување, и еден возач почетник. Полицијата исклучила од сообраќај и 15 возило, сите не регистрирани.
Пајакот подигнал 39 возила кои биле не прописнхо паркирани.
За не користење заштитен шлем односно кацига, полицијата казнила 17 возачи на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл.