Речиси да нема ден во билтенот на МВР да нема случај на жртва од напад на кучиња скитници во Скопје или во другите градови низ Македонија.
Така е и во денешниот билтен. Вчера во 17.30 часот во Полициската станица Гази Баба, А.К.(35) од Скопје пријавил дека претходниот ден околу 12 часот на улица „Перо Наков“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.
И така речиси секој ден. МВР регистрира нови случаи на нападнати од кучиња, граѓаните се жалат, а друг дел од граѓаните и организациите за заштита на животните протестираат против „стигматизацијата“ на незгрижените кучиња кои се множат во Скопје и другите градови.