Две возила вчера изгореа во Скопје, соопшти МВР.

Како што информира полицијата, вчера во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Христо Чернопеев“ настанал пожар во кој биле опожарени возило „Хонда Акорд“, сопственост на 33-годишниот Ф.Н. од Скопје и возило „Опел Астра“, сопственост на 64-годишниот Б.Н. од Скопје.