Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилени акциски контроли во областа на сообраќајот. Од МВР информираат дека на територијата на Скопје се изречени вкупно 187 санкции.
Како што соопшти МВР, за возење со брзина поголема од дозволената изречени се 41 санкција, за управување со возило под дејство на алкохол се казнети 30 возачи, изречени се и 35 прекршоци извршени од мотоциклисти, како и 14 санкции за управување без возачка дозвола.
Изречени се шест санкции за управување на технички неисправни и нерегистрирани возила, три санкции за некористење безбедносен појас, седум за користење мобилен телефон, две за вградени неатестирани фолии, две за минување на затворен сигнал и 26 санкции за непрописно паркирање.
Министерството информира дека сообраќајните контроли продолжуваат и во текот на наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот.