На територијата на град Скопје вчера биле изречени вкупно 188 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 39 санкции, 31 прекршок за возачите на мотоцикли, 11 за возење без возачка дозвола, информираат од Министерството за внатрешни работи.
-Изречени се 18 санкции за користење мобилен телефон, 14 за возење под дејство на алкохол, 48 санкции за непрописно паркирање, соопштуваат од МВР.
Од Министерството потенцираат дека засилените акциски сообраќајни контроли ќе продолжуваат и во следниот период.
-Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.