Поради пречекорена брзина на движење со моторно возило, полицијата санкционирала 34 возачи на подрачјето на Скопје во акциската контрола спроведена од  Одделението за безбедност на сообраќајот при СВР вчера од 6 до 24 часот.

Како што информира МВР, откриени се и 42 останати прекршока за кои се издадени 16 мандатни платни налози и 26 прекршочни платни налози.

Во контрола за откривање пијани возачи, пак, од синоќа во 22 часот  до 5 часот утрово  на подрачјето на Скопје биле санкционирани19 возачи кај кои било утврдено присуство на алкохол. Откриени се и 13 останати прекршоци, за кои се издадени пет мандатни платни налози и осум прекршочни платни налози.

Од 14 до 24 часот вчера се санкционирани и пет возачи на мотори за сторени прекршоци, а откриени се и 68 останати прекршоци за кои се издадени 46 мандатни и 22 прекршочни платни налога.