Тирана, главниот град на Албанија, е третото најскапо место за живеење на Западен Балкан, по Будва и Белград, покажа извештајот на Numbeo 2023 за животните трошоци.
Потоа доаѓаат Сараево, Подгорица, па Скопје каде трошоците за живот се со индекс од 36,8 отсто, додека индексот на најскапиот Базел е 127.
Од Скопје, поефтини се Ниш, Тузла и Приштина која има индекс од 29.
Извештајот дава податоци од дневните трошоци ширум светот, создавајќи индекс на најскапите градови за живеење, до најевтините.
На врвот на листата за 2023 година е Базел, а потоа следат Цирих, Лозана, Цуг и Берн, сите во Швајцарија. Норвешките градови Осло, Ставангер, Берген, Трондхајм и Тромсо се во првите 10. Други високо рангирани во Европа се Копенхаген во Данска, Еспо во Финска, Даблин во Ирска и Ница во Франција.
На дното на листата е Украина разурната од војната со нејзиниот опколениот град Харков. Други евтини места за живеење ги вклучуваат украинските градови Лавов, Одеса, Днипро и Киев.
Во однос на Западен Балкан, Приштина, главниот град на Косово, е едно од најевтините места за живеење во Европа, заедно со Ниш- Србија, Крајова- Романија и Тузла во Босна и Херцеговина.
Белград е најскапиот град во регионот, следен од Будва- Црна Гора и Тирана во Албанија.
Додека Тирана е рангирана како евтина низ Европа, таа е скапа за локалното население. Зголемените трошоци и неизмерната инфлација доведоа илјадници луѓе на работ на сиромаштија. Во моментов, половина од населението е или во сиромаштија или во ризик да западне во неа.
Податоците на албанската национална статистичка агенција ИНСТАТ објавија дека во 2021-2022 година, 12,6 отсто од Албанците кои се вработени исто така се изложени на ризик да западнат во сиромаштија. Кај невработените, ризикот од сиромаштија е поголем и достигнува 39%; кај пензионерите е понизок околу 14%.
Меѓународната организација на трудот на Обединетите нации (МОТ), процени дека во 2020 година, во Албанија, 12 отсто од сите вработени примале плата под релативната линија од 5 долари дневно. Според пресметките на МОТ, 12% од вработените во Албанија земаат максимална месечна плата од 150 евра.
Во моментов, минималната месечна плата е утврдена на 289,72 евра, додека просечната во целата земја е околу 450 евра. Но, бројките е тешко да се утврдат бидејќи многу работат во неформалниот сектор, кој се проценува дека претставува речиси 40% од работната сила.