Артилериска стрелба денеска ќе биде извршена во скопската касарна „Илинден“ по повод приемот на Македонија во НАТО.
– Ги информираме граѓаните на Скопје дека денеска, 27 март 2020 година, во 18 часот, по повод депонирање на пристапниот протокол на Македонија во Стејт Департментот, со што Македонија официјално станува полноправна членка на НАТО, во касарната ,,Илинден“ во Скопје, ќе се изврши артилериска стрелба. Ќе има шест плотуни од артилериски орудија, од единицата на артилерискиот баталјон на Армијата, соопшти Армијата на Република Македонија.