На територијата на Град Скопје во текот на вчерашниот ден во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот изречени се вкупно 314 мерки.
Како што соопштија денеска од МВР, 38 мерки се изречени само за возење без возачка дозвола, 14 мерки за нерегистрирани возила, 11 за технички неисправни возила за јавен превоз, 15 за непридржување на законските ограничувања за возач-почетник, 5 санкции за управување под дејство на алкохол, 30 за некористење сигурносен појас, 23 мерки за користење на мобилен телефон, 54 за непрописно паркирани возила, 34 возила се подигнати со „пајак“.
За неносење заштитна маска, стои во соопштението, изречени се 21 санкции.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, најавуваат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.