Прекин на водоснабдување за утре од девет часот за корисниците од село Усје во општина Кисела Вода најави денеска Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје.
Причина за прекинот е интервенција на два улични дефекта Ф-150 мм. на улица 1 и улица 5 во село Усје.
Прекинот ќе трае до отстранување на дефектот од страна на екипите на АД „Водовод“.