Во пожарот кој синоќа избувнал во помошна просторија до куќата на дебранец, во населбата „Намазјар“ во близна на центарот на градот, изгорело огревното дрво кое го набавил за зимската грејна сезона.

-Вчера  околу 18:30 часот, во куќа на улицата „ 1 мај“ во Дебар сопственост на М.Г. се случил пожар. Од извршениот увид, констатирано е дека пожарот се појавил во просторија каде биле складирани дрва за огрев кои целосно изгореле, а потоа пожарот се проширил на кровната конструкција,изјави Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Благодарение на брзата интервенција на дебарската територијална противпожарна единица, пожарот е локализиран навреме, со што било спречено пламените јазици да ги зафатат и соседните куќи.

Истрагата ќе утврди кои се причините за избувнувањето на пожарот.