Посебен сообраќаен режим утре од 11 часот ќе има околу Соборниот храм во Скопје поради одржување на манифестацијата бадникови поворки.
Манифестацијата е во организација на Здружение за возобновување на православните традиции „Бадникови поворки“, а ќе започне во 11 часот на плоштадот пред црквата „Св. Димитрија“ (ул. Црвена Скопска општина). Од 11:45 часот до 12:30 часот ќе се одржи Бадникова поворка од црква Св. Димитрија (ул. Црвена Скопска општина) до соборен храм „Св. Климент Охридски“.
Учесниците ќе се движат од ул.„Иљо Војвода“, лево по бул.„Гоце Делчев“, право по бул.„Илинден“, лево по бул.„Св. Климент Охридски“ до пред влезот на Соборен храм „Св. Климент Охридски“ на бул.„Партизански одреди“ во Скопје.
Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.