На територијата на град Скопје во рамки на засилените сообраќајни контроли изречени се вкупно 228 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 25 санкции.
Од МВР денеска информираат дека од нив 11 се за технички неисправни и нерегистрирани возила, 17 мерки се за користење на мобилен телефон. Изречени се и 13 мерки за возење под дејство на алкохол, 21 санкција за непочитување на брзината на движење и 51 мерка за непрописно паркирани возила.
Засилените сообраќајни контроли, посочуваат од МВР, продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.