Еден пешак и еден возач на патничко моторно возило се здобиле со тешки телесни повреди, а седум лица се здобиле со лесни телесни повреди во шест од вкупно 20 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во четири сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.
Од сообраќај, според податоците на СВР Скопје, полицијата исклучила двајца возачи пред да се стекнат со право на управување на моторни возила и четири нерегистрирани возила.
Со специјалното возило „пајак“ подигнати се 76 возила.
Санкционирани се и 12 пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, пет пешаци кои поминале коловоз на црвено светло и еден за не правилно престигнување.